1. Направете избор на настан за кој сакате да купите билет. Тоа може да го сторите со клик на копчето покрај секој настан
кој директно ве води до делот за онлајн продажба.
2. Одберете ги позициите за билети кои сакате да ги купите.
3. Покрај првично избраниот настан, секогаш можете да додадете во вашата кошничка и билети од листана на други
настани кој е објавен на страната за продажба.
4. Внимавајте: процесот на купување на билети, вклучувајќи го и времето на плаќање е ограничено на 20 (дваесет) минути.
По истекот на ова време системот автоматски го поништува целиот ваш избор, и доколку сакате да продолжите со купување ќе
мора да започнете се одново.
5. Штом ја завршите вашата нарачка кликнете на копчето КУПИ со што ќе преминете во делот во кој треба да ги внесете
вашите податоци.
6. Ве молиме точно и целосно внесете ги вашите податоци.
Доколку некоја од овие барани информации не е точно наведена, можни се потешкотии во натамошна комуникација, и
неможност на нашите оператори квалитетно и навремено да одговорат на било каков проблем поврзан со процесот на
купување на билеот.
7. По завршување и проверка на точноста на внесените податоци притиснете на копчето ПЛАТИ.
8. Системот автоматски ќе ве префрли во делот на каде што треба да ги внесете податоците за вашата платежна картичка. По
внесување притиснете ПОТВРДИ.
9. Системот ќе побара уште еднаш да ја проверите точноста на вашите податоци од платежната картичка. Доколку се е во ред
притиснете ПОТВРДИ.
10. Ве молиме не го гаснете прозорецот на вашиот веб прелистувач додека не добиете потврда дека вашето плаќање е
успешно завршено.
11. Штом ја добиете потврдата, можете веднаш да го испечатите вашиот билет од нарачката.
12. Потврдата за успешна трансакција на извршената нарачка ќе ја добиете на вашата е-маил адреса.
13. Ве молиме задолжително да ја зачувате добиената е-маил порака. Тоа е ВАШИОТ БИЛЕТ.