УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОНЛАЈН ПРОДАЖБАТА НА НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ


1. Продажбата, на билети преку онлајн системот на operabalet.mk/online го врши Национална Опера и Балет – Скопје.

2. Преку системот operabalet.mk/online се врши продажба на билети за настани кои се одржуваат во салaтa на Национална Опера и Балет.

3. За секоја извршена продажба преку овој систем, купувачот на својата емаил адреса која е впишана при вршење на купувањето, добива електронски билети кој е единствениот доказ за целосно и правилно завршување на купувањето.

4. Електронскиот билет содржи листа на производи/билети на нарачката. Секој од тие производи има свој уникатен и единствен сериски број и баркод.

5. Еден билет важи за едно лице.

6. Верификација на исправноста на билетите се врши пред почеток на настанот на влезот кој е одреден за таа намена од страна на организаторот на настанот.

7. Купувачот како доказ за поседување на електронски билет потребно е на влезот да го приложи билетот за конкретниот настан. Истото може да го направи преку приложување на одпечатен примерок од билетот или преку дирекно евидентирање од самиот мобилен уред каде може да го покаже баркодот од тој билет.

8. Доколку купувачот го отстапи својот билет (во печатена форма или преку препраќање на билетот на друго лице) за единствено важечки ќе се смета оној билет кој прв ќе биде евидентиран и регистриран преку системот за конрола и евиденција на влезот на салата каде што се одржува настанот.

9. Откако еднаш единечниот билет ќе биде регистриран на влезот, секој следен билет со ист сериски број се регистрираат како неважечки, ќе биде третиран како злоупотреба, и нема да биде дозволен влез на лицето во салата на одржување на настанот. Секојa злоупотреба е казнива по закон.

10. Платежни картички преку кои може да се изврши плаќањето на билети е овозможено преку картичките VISA, Maestro и Mastercard.

11. Податоците кои купувачот ги внесува при вршење на купување на нарачката, Национална Опера и Балет не ги чува во својот систем за онлајн продажба на билети, и истите се предмет на обработка само од центарот за процесирање на информации за електронски плаќања.

12. Национална Опера и Балет го задржува правото за откажување и измени во својата програма.

13. Национална Опера и Балет не врши поврат на средства или замена за друг производ/билет доколку истиот тој билет не е реализиран и евидентиран пред официјалниот почеток на настанот објавен од страна на организаторот.

14. Доколку купувачот задоцни и го приложи билетот по официјалниот термин објавен за почеток на настанот, и настанот е веќе започнат, организаторот може да не дозволи влез на тоа лице во салата на одржување на настанот. Исто така, при секое доцнење дури и да биде дозволен влез во салата – на лицето не му се гарантира дека билетот кој е нумериран со место за седење (блок, ред и место) е сеуште слободно и истот може да биде веќе пополнето од друг посетител.

15. Доколку некој настан е откажан од страна на организаторот, или истиот е преместен во друг термин, за секој билет купен преку билет сервисот на Национална Опера и Балет, купувачот може да побара поврат на средствата. Повратот ќе биде вршен исклучиво преку електронско банкарство, директно на сметката на купувачот, со претходно приложување на доказ за купување (одпечатен билет, број на нарачка за потврда на трансакцијата).

16. Доколку некој настан е преместен во друг термин, и за таа промена организаторот ја известил јавноста преку своите канали за информирање, купувачот може да го прифати заменскиот билет, или истиот да го откаже и да добие поврат на уплатените средства.

17. Онлајн продажбата на билети преку системот на Национална Опера и Балет за секој настан завршува минимум 1 (еден) час пред официјалниот почеток на настанот, освен ако тоа не е поинаку утврдено од страна на организаторот.

18. За секакви проблеми и прашања поврзани со онлајн продажбата преку нашиот сервис operabalet.mk/online, ве молиме пишете ни на online@operabalet.mk. Нашите служби ќе се обидат да ви го дадат правиот одговор во разумно време.